Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба вчера во 18:45 часот на подрачјето на село Трубарево го лишиле од слобода К.М.(27) од Скопско.
Од МВР денеска информираа дека за него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна.
Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.