d0bfd0bed182d180d0b5d0b1d0bdd0b0 d0b5 d0b8d182d0bdd0b0 d0b8d0bdd182d0b5d180d0b2d0b5d0bdd186d0b8d198d0b0 d0bed0b4 d0b2d0bbd0b0d0b4d0b0 62028aea3914e

Потребна е итна интервенција од Владата за решавање на проблемот со енергетската криза во општините во градот Скопје

February 8, 2022
1 minut lexim

image 158355

На денешната средба во Координативното тело на градоначалници на Град Скопје, беше дискутирано за енергетската криза и проблемите со кои се соочуваат скопските општини во функционирањето, трошоците за електрична енергија за редовно работење на општините, основните и средните училишта, уличното осветлување кои значително се зголемени некаде и за над 500% особено во општините кои немаат активни договори за снабдување со електрична енергија. 

– Дел од градоначалниците истакнаа на седницата дека покрај наследените милионски долгови, сега со зголемување на цената на електричната енергија, сметките за електрична енергија буквално ги јадат редовните општински буџети, кои чинат милиони евра на сметка на капиталните проекти кои се во интерес на граѓаните – посочи градоначалничката Арсовска на денешното Координативно тело на градоначалници.

Истакнато беше дека помалите општини речиси целосно го имаат истрошено делот на редовниот буџет само за сметките за електрична енергија , а најголемиот дел од општините имаат средства за покривање на само уште неколку сметки, по што ќе недостигаат средства за реални проекти за граѓаните.

На Координативното тело на градоначалници се донесе заклучок дека во ситуација кога цените на електричната енергија растат, а одредени дотации кон општините кои доаѓаат од централната власт се дури и намалени, се потешко ќе биде функционирањето на општините, па од тие причини потребна е итна интервенција од страна на Владата и надлежните министерства за решавање на енергетската криза со која се соочуваат општините во Градот Скопје, за што ќе биде побаран и состанок.
 

skopjeinfo.mk

MARKETING

RENT A CAR

zgjedhjet e 6 marsit berisha kthen per fushate imamin e turkun 62028a72430be
Story i mëparshëm

Zgjedhjet e 6 marsit, Berisha kthen për fushatë Imamin e Turkun

d181d180d0b5d0b4d0b1d0b0 d0bed181d0bcd0b0d0bdd0b8 d0bad0bed0bbd0b5d0b2 d0bdd0b8 d182d180d0b5d0b1d0b0 d0bad0bed185d0b5d0b7d0b8d0b2d0bd 62028aed2ca71
Story i radhës

Средба Османи-Колев: Ни треба кохезивност во овој процес во интерес на добрососедските односи

Të fundit nga

ShkoLartë