Перински во Тафталиџе: Инвестиција на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ од 8 милиони денари

February 9, 2022
1 minut lexim

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, денеска изврши увид на работните активности за изведба на новата фекална канализација на ул. Софиска во населба Тафталиџе.

Целта на проектот е изградба на нова фекална канализација со што ќе се подобри досегашниот начин на одведување на фекалните отпадни води во оваа населба.

-Со релизација на проектот за изградба на новата фекалната канализација на ул. Софиска се создаваат услови за:правилно приклучување на постоечките и новоизградените објекти на овој дел од улицата, подобрување на условите за непречено одведување на фекалните отпадни води, пренасочување на отпадните води од објектите на улиците Софиска и Женевска кон новата фекална канализација на ул.Московска, порача директорот Перински. 

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е околу 8.000.000,00 денари. Изградбата се реализира со употреба на полипропиленски цевки и шахти со вкупна должина од 420 метри, кои ќе бидат приклучени на постоечката фекална канализација на ул.Московска со дијаметар од 400мм.

-Во согласност со деталните урбанистички планови, изработени од страна на општините во град Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје превзема активности за проектирање, а потоа и за изградба на нови водоводни и канализациони линии достапни за идно одржување од страна на претпријатието, како што е примерот со улицата Софиска, велат од претпиријатието. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Shemben banesat te 5 maji/ Banorët bëjnë qëndresë, shoqërohet një prej tyre

Story i radhës

Уставниот суд ја одржa четвртата седница

Të fundit nga

Premtimi i Yamalit

“Jam në fazën e rikuperimit dhe jam i sigurt se do të rikthehem më i fortë dhe më i motivuar se kurrë” Ylli i ri i Barcelonës, Lamine Yamal aktualisht po lufton
ShkoLartë