Пациенти со ниска сатурација вратени од ГОБ 8 Септември и Инфективна – нема место!

January 24, 2022
1 minut lexim

Пациенти со ниска сатурација и ковид 19 позитивен наод, вечерва се вратени за хоспитализација и во Инфективната клиника и во ГОБ 8 Септември, поради исполнетост на капацитетите. Станува збор за пациенти со лоша крвна слика, ниска сатурација, белодробен наод и други коморбидитети, на одмината возраст. Причината која што им е наведена е дека нема место за хоспитализација во овие две клиники.

Според информации на Слободен печат, уште не се отворени постоечки и затворени ковид центри со капацитет од стотина кревети, од непознати причини. Пациентите се упатувани сами да бараат сместување на други клиники, односно со сатурација од 60 да одат од врата на врата додека некој не ги прими, на пример ТБЦ каде има неколку слободни места и тоа поради смртни случаи.

Министерството за здравство од непознати причини не ги отвора модуларната болница на Инфективна клиника, ниту другите затворени ковид центри, иако за тоа има објективна потреба и пациентите се доведени во животозагрозувачка состојба и панично мора да бараат кревет.

Иако сојот омикрон доведува до полесна симптоматологија, особено кај вакцинираните, и поголемиот дел може да се лекуваат дома, сепак има и пациенти кои не може да се лекуваат дома. На повеќе од 20 илјади активни случаи, бројот на пациенти на кои им треба хоспитализација е повисок, но здравствените власти уште немаат изнајдено решение за оваа ситуација, иако објективно болнички капацитети постојат во државата, но се затворени.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Petrovska: Zotohemi për zgjidhjen diplomatike të çështjes ukrainase

Story i radhës

​SHBA shkurton zgjatjen e licencave të biznesit për grupin rus GAZ

Të fundit nga

ShkoLartë