Пановски: Очекувам да се зарази 70 отсто од населението, па ако не се појави поопасен сој, да преминеме во помирна ковид фаза

1 minut lexim

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски, кој е познавач на состојбата со ковид во државата, за „Слободен печат“ прогнозира како би се развивала состојбата со пандемијата во државата во случај да не се појави некоја нова посериозна мутација од омикрон. Тој очекува наредниот период да се зарази околу 70 отсто од населението по што, ковид ќе прерасне во ендемија.

-Ендемија значи, дека вирусот ќе биде како настинка, како грип, нема да прави големи проблеми и нема да се шири како пожар и ќе има помалку од 5 смртни случаи на ден, вели доктор Пановски.

Во последната статистика, Министерството за здравство информираше за нови регистрирани 1.861 случај од направени 5.446 тестови. Од вкупниот број на позитивни, по вторпат се заразиле 242 граѓани, а еден фатил коронавирус по третпат. Регистрирани се 7.273 оздравени пациенти. Оваа бројка е висока зашто Комисијата за заразни болести наложи изолацијата за асимптоматските да се намали од 10 на 7 дена и така голем дел од позитивните беа избришани од системот „Мој Термин“ поради завршувањето на седмиот ден. Во последното деноноќие регистрирани се 27 починати граѓани од кои најмладиот е на 22-годишна возраст, а има и едно лице кое починало на 39 години. Од починатите 27 лица, целосно вакцинирани се шестмина. Бројот на активни случаи изнесува 16.442.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Приведен малолетник кој ограбил аптека

Story i radhës

Brenda muajit gjendet personi i tretë i pajetë në Sarandë

Të fundit nga