Преземени се мерки за 121 автомобил непрописно паркирани на јавни површини. Овие неправилности се утврдени за само една недела на контрола низ Скопје.
Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролите ќе продолжат да се одвиваат во континуитет. Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат само на означените паркиралишта.