Османи: Позициите со Бугарија сега се појасни, се надевам дека ќе постигнеме одредено решение

January 27, 2022
min lexim

Не можам да кажам дека 100 отсто ќе биде успешен овој втор циклус, но влегуваме чесно и посветено за да најдеме решение зашто европерспективата е важна за општиот прогрес, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи за новиот процес на преговори со Бугарија, за кој рече дека е динамизиран по меѓувладината седница во Софија која се одржа по три последователни избори во Бугарија, изборите кај нас и новите влади во двете земји.

Во гостувањето во емисијата „Само интервју” на ТВ Канал 5, Османи рече дека двете влади се договорија да почне „нова динамика на процес со платформа за враќање на довербата преку честа комуникација и соработка“.

-Ќе учиме од грешките и искуства од првиот циклус кој почна добро, имаше резултати со Договорот за добрососедство и беше големо постигнување во билатералните односи. Се надеваме дека во овој втор циклус, кој сега го почнуваме, ќе го крунисаме позитивно во интерес на европската перспектива на регионот, се разбира и на билатералната соработка, рече Османи, додавајќи дека за тоа ќе помогнат формираните работни групи, во фокус ќе се стави иднината со што полесно ќе се решаваат предизвиците.

Поставени се краткорочни циклуси и средби неделно – на 1 февруари средба ќе има економска група, на 7 февруари – групата за инфраструктура, за евроинтеграции на 14-ти и на 21 февруари образовната работна група. Секоја петта недела ќе се состанува и Комисијата за историски и образовни прашања, а по неколку месеци како пресек на нивната работа повторно ќе има заедничка седница на двете влади.

-Доколку нема договор, ќе останат истите предизвици. Нашите позиции се јасни. Преговараме над една година и искристализирани се позициите и од наша и од нивна страна. Мислам дека позициите се појасни по тоа што беше пред една година или шест месеци. Бевме со далечни позиции, сега имаме одредена рамка и се надевам ќе постигнеме одредено решение. Има повеќе разбирање за позициите на едниот и другиот. Ќе му дадеме шанса на процесот. Почнат е процесот на разговори и тековно ќе ја информираме јавноста, рече шефот на дипломатијата.

Кажа дека за пакетот 5+1 досега многупати кажал и ништо не се крие, а тоа што не е претставен како документ, рече, е затоа што се работни верзии кои се разменуваат како нон-пејпери и дотогаш не се објавуваат.

-Во момент кога некоја формулација која е заеднички прифатлива за двете страни, прво ќе се информираат пратениците, претседателот и јавноста, па ќе се даде нашата одлука. Се поставува теза дека тајно се продаваат интереси, тоа не е така, системот на преговори не е поставен така. Граѓаните треба да бидат спокојни, опозицијата наметнува страв дека скришно се прави. Тоа не е точно, пред било која одлука, ќе бидат транспарентно информирани, истакна Османи, додавајќи дека нема ништо против да биде ни во Собрание, но сметал дека треба да се остане во рамката од Договорот за добрососедство од 2017.

Османи утре ќе ги информира членовите на собраниската Комисија за надворешна комисија за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Седницата ќе биде отворена за јавноста, на негово барање, затоа што, рече, „нема што да криеме од граѓаните”.

Тој нагласи дека ниту еднаш не одбил покана од комисија, независно од односот на претседателот на комисијата кон него, зашто тоа го смета како однос кон Собранието и кон граѓаните и како должност да даде отчет за работата.

Начелен договор со владата на Бугарија, рече, секоја петта недела да се состанува и Комисијата за историски и образовни бидејќи важни се континуирани состаноци.

-Во последно време се состануваа онлајн, ги разбирам ограничувањата од пандемијата, но потребно е почесто да се среќаваат и со физички средби, но без да ги креваме очекувањата за резултатите, рече Османи, додавајќи дека ја анализирале нивната работа и заклучиле дека таа е пропорционална и коинцидирала со тоа каков бил политичкиот амбиент во двете земји.

Смета дека треба да се внесе свежина во комисијата, во која се сменети двајца членови и во која година и пол, рече, немало резултат од нивната работа. Со менување на политичкиот амбиент очекува и повеќе резултати.

Нагласи дека МНР не се меша во работата на Комисијата и не сака, рече, јавноста да мисли дека тој или Владата одлучува за работа на комисијата, туку им ја обезбедуваат логистичка поддршка и им ги покриваат трошоците за нивните средби.

Во однос на промени во учебниците, Комисијата ги дава препораките и за некои историски периоди тие се донесени.

-Не сакаме еднострано да ги објавиме, туку заедно со владата на Бугарија ќе има момент кога ќе се објават договорените текстови и тоа ќе ја охрабри и комисијата и ќе влијае на целокупната клима помеѓу двете држави, додаде Османи.

Соопшти дека на 2 февруари ќе оди во Париз со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и оттаму во Брисел со цел е да го објаснат новиот пристап со Бугарија за да може да видат дали може да се вклопи во планот за Француското претседателство.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Në Tetovë po hapet një kazino e re, Lëvizja Antibixhoz po përgatitet për protesta

Story i radhës

West befason Neymarin në këtë stërvitje

Të fundit nga

ShkoLartë