Опозицијата ја блокираше работата на Комисијата за политички систем

February 9, 2022
1 minut lexim

Опозициските членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не дозволија да почне 33-тата седница на која на дневен ред по вторпат се најде Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители. При обидот на претседателката на Комисијата Соња Мираковска да ја отвори точката од дневниот ред, бурно реагираа членовите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателката на Комисијата даде еден час пауза.

Претходно, пратеникот Дејанчо Ефтимов во процедурална забелешка рече дека истиот текст на законот кој бил доставен до Собранието на почеток на август во редовна постапка без знамето на Европската унија, бил повлечен од страна на Владата и во септември со знамето на ЕУ бил ставен на Комисијата и сега повторно власта се обидува да ги заобиколи процедурите и да го донесе законот.

Тој побара претседателката на Комисијата да му го врати предлог-законот на претседателот на Собранието.

-Точката на дневен ред не е отворена, бидејќи процедуралното има предност пред кое било ваше излагање, бидејќи вие само претседавате со Комисијата. И минатиот пат кога разговаравме за овој закон ви напоменавме дека од вашите лукративни побуди како мнозинство да прошверцувате закон кој вам ви одговара, вие прво го поднесовте во редовна постапка за по 10 дена истиот го повлечете и истото законско решение да го поднесете со европско знаменце, рече Ефтимов.

Тој истакна дека закон кој ќе влијае на правосудниот систем во наредните децении, не треба да се носи без редовна постапка, а во расправата за него треба да се вклучат сите засегнати, бидејќи од Академијата ќе излезат идните судии и обвинители.

-Вие сакате да го партизирате целосно и судството и обвинителството, рече Ефтимов.

Претседателката на Комисијата Мираковска посочи дека законското решение е влезено во собраниска процедура преку претседателот на Собранието до Комисијата и оти нивна обврска е да го разгледаат.

– Никој во државата нема да ви поверува дека овде ќе се носи закон за Академија на судии и обвинители спротивно на она што Европска унија смета дека е исправно. Дадени се препораки од ЕУ во април 2018 година за обука на судии и јавни обвинители и тие се однесуваат на составот на органите на управување и раководење и нивниот мандат, дефинирање на начинот на полагање на приемни и завршни испити, намалување на роковите за одлучување по приговори и жалби од приемниот испит и зајакнување на начинот на спроведување на континуираната обука. Тоа се решенијата на предлог-законот. Вие сакате тој процес да го запрете со илјадници амандмани. Бидејќи ова е усогласен закон и усогласени се амандманите, го повикувам министерот да ја образложи потребата од предлог-законското решение, рече Мираковска.

По нејзиното излагање се слушна вресок од некоја од пратеничките во салата, по што Мираковска ја прекина седницата и даде еден час пауза.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

МВР со детали за сообраќајката во Аеродром: Дете е тешко повредено

Story i radhës

Kovaçevski: Rritje e rrogës për rreth 45 euro për buxhet më të madh të vendit

Të fundit nga

Shefi ekzekutiv i Jeju Air kërkon falje

Duke folur në televizionin e Koresë së Jugut, shefi ekzekutiv i Jeju Air u ka kërkuar falje viktimave të rrëzimit të avionit. Kim E-bae shtoi se shkaku i saktë i incidentit ishte

​Netanyahu do t’i nënshtrohet operacionit

​Netanyahu do t’i nënshtrohet operacionit Kryeministri izraelit Benjamin Netanyahu do t’i nënshtrohet një operacioni për heqjen e prostatës, njoftoi zyra e tij. 75-vjeçari u diagnostikua me një infeksion urinar si pasojë e
ShkoLartë