Повозрасна скопјанка вчера била насилно ограбена. Случајот го пријавила во полиција.
Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, Т. М. (76) од Скопје пријавила дека околу 13:00 часот на подрачјето на Аеродром едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта во која имало мобилен телефон, лични документи и пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.