Николовски најави постапка против инспекторот од АХВ кој се изживуваше врз јагне во Берово

„Згрозен од монструозниот чин на Инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на #АХВ“, напиша министерот за земјоделство Љупчо Николовски на Фејсбук.

Неговата реакција доаѓа откако здружението за заштита на животните Анима мунди објави снимка на која се гледа како група мажи, меѓу кои е и инспекторот чија работа е да ги заштитува животните, играат на музика околу маса на која е поставено живото јагне со врзани нозе.

„Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда“, напиша Николовски.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

KQZ e la jashtë “Shtëpisë së Lirisë”, Berisha zbulon lëvizjen e radhës

Story i radhës

Bebe Rexha publikon foto me të dashurin

Të fundit nga