На ниту еден метар квадратен нема да има нова тешка и загадувачка индустрија во Гази Баба, уверува градоначалникот

February 11, 2022
1 minut lexim

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, во воето најново интервју за порталот Прес24 вели дека нема да дозволи ни еден метар квадратен во општината да биде наменет за нова тешка и загадувачка индустрија, туку, како што вели, напротив Гази Баба ќе ја направиме најзелена општина во Градот Скопје. 

-Дефинитивно на врвот се наоѓа заштитата на животната средина. И во таа насока, ветив и во првата недела од мандатот направив ревизија и донесов решение за запирање на постапката за отворање на нов хемиски отпад на територија на општина Гази Баба, нешто што беше започнато од мојот претходник. Двојно ги зголемивме средствата за подигање на нови зелени површини, а изминатиот период веќе реализиравме неколку акции за засадување на различни видови на садници на повеќе локации низ општина Гази Баба. Исчистивме 35 диви депонии, воведовме попладневни еколошки контроли во кој и јас лично учествувам со цел санкционирање на несовесните граѓани кои депонираат отпад на јавни површини, двојно го зголемивме буџетот за субвенции за набавка на инвертер клими и печки на пелети. Граѓаните можат да бидат спокојни, додека сум јас градоначалник на ниту еден метар квадратен нема да дозволам отворање на нова тешка и загадувачка индустрија, напротив Гази Баба ќе ја направиме најзелена општина во Градот Скопје, вели Стефковски во интервјуто. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Gjendja e pacientëve me Covid-19 në QKUK dhe spitale

Story i radhës

Spasovski: Mbi 2 tonë marihuanë janë sekuestruar për vetëm dy muaj

Të fundit nga

ShkoLartë