До петок ќе се задржи стабилно време со пораст на температурите. В петок кон крајот на денот и в сабота претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури утре ќе се движат од минус 1 до минус 11 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје утринската температура утре ќе достигне до минус 6, а дневната до 6 степени.
В сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, информираат од УХМР.
Извор: МИА