Муцунски и Кочоска ќе бидат нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, лекарот Симеонов влегува во ИК

January 31, 2022
1 minut lexim

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, и поранешната дополнителна заменичка-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе бидат двајцата нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, покрај досегашните, Александар Николоски и Владо Мисајловски.

Партијата претходно соопшти дека било одлучено да се зголеми бројот на потпретседатели од двајца, на четворица.

Како што објави Фокус, повикувајќи се на висок партиски функционер, ова се двата предлога на партискиот лидер Христијан Мицкоски до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва треба да избира и нов состав на Извршниот комитет.

Во проширениот состав на ИК ќе се најдат дел од актуелните кадри, но и нови непартиски лица, според информациите од партијата.

Според Фокус, лекарот-специјалист по детска хирургија Ристо Симеонов ќе биде еден од новите членови на проширениот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Арсовска: Реализирани се сите ветувања кои беа предвидени во првите 82 дена

Story i radhës

KEDS: Në këto komuna do të ketë ndërprerje të rrymës të martën dhe të mërkurën

Të fundit nga

ShkoLartë