Муцунски за ТВ24: Наследивме општина со нефункционален систем, но во следниот период сме целосно насочени кон реализација на проекти за граѓаните

min lexim

-Наследивме еден нефункционален систем од гледна точка на реализација на услугите на граѓаните, на пример во делот на постапки за легализација, во суштина тие беа целосно закочени, а се огромна потреба на Аеродромци. Немало никаков приоритет во делот на урбанистичкото планирање посебно во руралните средини во општината каде не се ставило во приоритет на носење на ДУП-ови, зборувам тука на Горно и Долно Лисиче. Наследивме големи побарувања од гледна точка на преземени обврски на општината кои сега ги реализираме, не се тоа типични кредити, но се побарувања спрема приватни компании кои што согласно законите мора да се реализираат и наследивме една општина која што не беше фокусирана на проекти, вели градоначалникот на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во интервју за емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

-Пример ќе дадам од средствата кои што државата ги има добиено од ТАВ за кои што општината можела да аплицира и скоро сите општини ширум Република Македонија добиле сериозни средства, дали е за улична инфраструктура, дали е за изградба на нови градинки, една општина во Република Македонија не аплицирала за ниту еден денар кои што и биле на располагање. Тоа е општина Аеродром, а истовремено знаеме дека и тука има огромни предизвици посебно во делот на образовната инфраструктура, самата улична инфраструктура. Така што наследивме слаби работни навики, слаба посветеност кон проекти, но полека во рамки на организационата култура која се обидуваме да ја наметнеме тука сега сметаме дека после три месеци можеме да кажеме дека општина Аеродром од општина која што немала никаков фокус кон проекти, е апсолутно насочена во следните четири години на реализација на потребите на граѓаните, истакна тој.

Во однос на финансиската состојба Муцунски вели општините се единствени субјекти кои немаат никаква поддршка од државата во однос на енергетската криза, укажувајќи дека оваа година се очекува општината да потроши 300.000 до 400.000 евра повеќе за електрична енергија, односно како што рече тоа се средства кои што би можело да се инвестираат во нова градинка, нов парк, во некој нов плоштад.

-Општина Аеродром како и сите други општини ширум Република Македонија има свои финансиски предизвици кои што се големи, посебно ако ја земеме во предвид енергетската криза каде што за жал општините се единствените субјекти кои што немаат никаква поддршка од државата. А би напоменал дека општина Аеродром за разлика од претходната буџетска година, оваа година очекуваме да потрошиме околу 300.000 до 400.000 евра повеќе за трошоци поврзани со електрична енергија. Тоа се средства кои што би можело да се инвестираат во нова градинка, нов парк, во некој нов плоштад. Така што предизвиците се огромни, а истовремено се соочуваме со предизвикот од намалени дотации за градинките, а родителите кога ќе дојдат први од месецот очекуваат ист квалитет, ако не и подобар квалитет на услугите. Така да финансиските проблеми и во општина Аеродром се и како во сите други општини, а за жал една критика која што би ја дал е дека општините се оставени сами на себе, рече Муцунски.

На прашањето кои се приоритет за работа во следниот период градоначалникот Муцунски потенцираше дека мора да се стави фокус на одржување на нивото на чистотата на општината, изградба на четири до пет нови градинки, како и доградба и проширување на капацитетите на три до четири основни училишта.

-Прво би рекол мора да се стави фокус на веќе постоечката зелена површина, на одржување на едно ниво на чистота која што ја очекуваат Аеродромци и тука почнуваме со нова методологија на работа во делот на луѓето кои што се ангажирани за чистењето во оваа буџетска година веќе имаме сериозни покачувања на примањата кои што тие ги имале што само по себе за нив треба да биде поголема мотивација и поголема одговорност за навремено да ги извршуваат своите обврски. Заедно со Град Скопје од оваа година започнуваме постапка за изградба на нов мега парк во близина на Фудбалската федерација, работиме во текот на оваа година да се изгради нов парк околу 5.000 метри квадратни во Реонски центар. Така што е во делот на зеленилото, вели тој.

-Наш фокус во следните неколку години е изградба на четири до пет нови градинки, доградба и проширување на капацитетите на три до четири основни училишта, како и во инвестиции во самата инфраструктура на веќе постоечките градинки и училишта, со посебен фокус на дигитализацијата. Во делот на прашањата за кучињата скитници, тука мора да има системско решение на територија на цел Град Скопје бидејќи доколку сегментирано само општина Аеродром го реши проблемот тоа нема да е решение бидејќи понатаму вие имате ризик на кучиња скитници кои што ќе доаѓаат од другите општини кои што граничат со општина Аеродром, објасни Муцунски.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Policia me dorë të hekurt, bllokohen tetë makina luksoze me targa të huaja

Story i radhës

ВИДЕО: Пунктот за бездомници е отворен 24 часа, 154 лица преноќиле за време на студените денови

Të fundit nga