Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Приказната е запаметена, но иднината е таа кон која треба да стремиме

January 27, 2022
1 minut lexim

За да зборуваме за сагата на преживеаните од Холокаустот, потребни ни се илјадници часови и милји реченици за да ги опишеме сите тие геноцидни лавиринти низ кои поминал еврејскиот народ воопшто, а особено еврејските жени и девојки. Сепак, ние треба и мора се помириме со минатото, но никогаш да не го заборавиме. Приказната е запаметена, но иднината е таа кон која треба да се стремиме и работиме.

Ова се само дел од пораките кои беа посочени на денешната комеморативна академија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот организирана од Одделот за едукација и истражување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) во Скопје.

Темата на комеморативната академија е „Сагата на преживеаните на Холокаустот – Ја предизвикаа смртта – го засадија семето на животот”, а е посветена на еврејките и девојките кои избегаа од канџите на смртта.

Според директорот на ИДКНА, Скендер Асани, содржината што произлегува од насловот најдобро ја изразува димензијата на човечката трагедија, која се играше пред очите на целиот свет, во средината на минатиот век.

Темата, како што рече Асани, го носи овој наслов за да докажеме дека ние што си ги знаеме тагите едни на други, ни е полесно ѝ простуваме љубов и разбирање, кон сите тие на кои во најтешките времиња им е доволна само една насмевка.

Тој потсети дека Генералното собрание на Обединетите нации минатата недела усвои резолуција подготвена од Израел, со која се осудува секое негирање на Холокаустот и се повикуваат сите нации и компаниите на социјалните мрежи да „преземат активни мерки за борба против антисемитизмот и негирањето или искривувањето на Холокаустот”.

Оваа Резолуција, како што е посочи, беше донесена во присуство на група луѓе кои го преживеаја нацистичкиот геноцид во кој загинаа околу шест милиони Евреи, околу две третини од еврејското население во Европа, за време на Втората светска војна.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Ископот и поставувањето на темелите околу малата депонија во ОХИС се завршени

Story i radhës

Emrat/ Operacioni i Policisë së Shtetit, disa persona të arrestuar – zbulohen autorët e disa veprave të rënda penale

Të fundit nga

​Fushë Kosova me rrethinë mbesin pa rrymë

Komuna e Fushë Kosovës me rrethinë ka mbetur pa rrymë nga ora 12:00. Sipas Operatorit të Sistemit, Transmisionit dhe Tregut (KOSTT kjo komunë mbetet pa rrymë deri në orën 15:00. Sipas KOSTT,
ShkoLartë