Маричиќ: Франција се интересира за Западен Балкан, тоа ни е доволно за да веруваме во успех

February 4, 2022
1 minut lexim

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во вечерашната емисија „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека заедно со бугарската влада, пристапуваат искрено со желба што побрзо да се најде решение за отворените прашања, но и да воведат и нови теми, нови можности за комуникација на нашите односи.

Маричиќ, кој заедно со шефот на дипломатијата Бујар Османи го посети Париз, вели дека не би сакал да оперира со датуми за тоа кога точно би можел да се откочи процесот. Сепак, смета дека францускиот претседател Емануел Макрон и целиот негов тим можат многу да помогнат доколку како француско претседателство го поддржат процесот.

Прашан за коментар на неодамнешната изјава на францускиот министер за надворешни работи дека неговата земја би сакала првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија да се случат до јуни, но дека ако тоа не се случи, тогаш барем за време на следното претседателство на Чешка, Маричиќ одговори:

„Ако мене ме прашувате, требаше уште во германското претседателство тоа да се случи, така што, ние работиме на тоа да се случи што побрзо. Реков дека не се фокусираме на временски рок, се фокусираме на суштината на проблемите. Добро е и француската методологија која ја освои Европската Унија за преговорите да профункционира конечно, тоа и Франција го гледа како своја шанса. Ќе има во јуни Самит за Западниот Балкан што ќе даде и посебен осврт на темите млади, безбедност и животна средина. Значи, Франција покажува интерес за Западниот Балкан, тоа нам ни е доволно да веруваме дека можеме што поскоро да имаме успех.“

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Pletiçkovski: Është herët të shpallet fundi i pandemisë

Story i radhës

Renova prezanton përforcimin e ri

Të fundit nga

ShkoLartë