Лукаревска–Ампева: „Гласен Текстилец” е партнер на УЈП во сузбивање на сивата економија

February 1, 2022
1 minut lexim

„Гласен Текстилец” е партнер на Управата за јавни приходи (УЈП) во сузбивање на сивата економија, односно преку откривање на непријавени работници и неисплатени плати УЈП заедно со надлежниот орган за труд врши контрола на работодавачите од текстилната индустрија со цел откривање на неправилностите и заштита на правата на работникот.

Ова денеска го истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска на работната средба со претседателката на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец” Кристина Ампева.

Здружението, како што посочи УЈП, е формирано од текстилни работнички и активисти за заштита на човековите и работничките права кое веќе пет години активно ги афирмира и популаризира проблемите на работниците, кршењето на нивните права, а преку едукации, трибини, конференции, семинари ја подига свеста и ги охрабрува работниците да ги уживаат своите права и да пријават било какво прекршување.

Ампева истакна дека УЈП во рамките на своите надлежности досега излегла во пресрет на повеќе барања на „Гласен Текстилец” и се надева дека така ќе биде и во иднина.

– Соработката е интезивна и истата ќе продолжи со цел на секој работник да му се обезбедат пристојни услови за работа, почитување на работното време и соодветна заработувачка за својот труд, наведуваат од УЈП.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Milloshoski: Propozim ligji për një njësi zgjedhore të hyjë në procedurë parlamentare

Story i radhës

Zanetti: Jam i gëzuar për një lojtar

Të fundit nga

ShkoLartë