d0bbd0b8d180d0bcd0b0d0bd d182d180d0b5d0b1d0b0 d188d182d0be d0bfd0bed181d0bad0bed180d0be d0b4d0b0 d181d0b5 d0bed182d0b2d0bed180d0b0d182 61ebdb0c81494

Лирман: Треба што поскоро да се отворат пристапните преговори за Северна Македонија и за Албанија

January 22, 2022
1 minut lexim

„Многу ми е важно ние како Европска унија да го одржиме зборот кон Албанија и Северна Македонија. Затоа треба што поскоро да се отворат пристапните преговори”, изјави за Дојче веле германската државна секретарка во МНР, Ана Лирман.

„Даваме се од себе да ги отстраниме последните пречки од патот. Мислам дека наскоро ќе постигнеме напредок”, додаде таа.

Во случајот со Скопје и ветото на Бугарија таа вели:

„Подготвени сме да ги поддржиме процесите што мора да се случат, но тоа е првенствено билатерален процес и верувам дека еден од приоритетите на новата бугарска влада е да напредува со сопствена реформска агенда. Постои голема желба историјата да им се остави на историчарите”, рече Лирман.

Франција, која неодамна го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, претходно остро се спротивстави на проширувањето со Западен Балкан. Запрашана дали тоа се менува, германскиот државен секретар рече:

„Да. Франција испрати јасен сигнал со програмата за претседавање со Советот на ЕУ, во која една од централните работи е перспективата за пристап на земјите од Западен Балкан. Ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Макрон во својот говор во Стразбур уште еднаш ја спомена темата и појасни дека постои таа перспектива на пристап. Од таа гледна точка, сигналите од Париз се многу охрабрувачки”.

Лирман (38) доаѓа од Партијата на зелените, како и министерката за надворешни работи Аналена Бербок. Нејзината официјална титула е „државен министер за Европа и клима” и соодветно на тоа вели дека европската и климатската политика се нераскинливи.

„И за време на патувањето (во Скопје и Тирана) многу јасно кажав дека ќе направиме напори за поддршка на земјите од Западен Балкан во областа на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и заштитата на природата.

„За време на патувањето намерно се сретнав не само со членови на власта и опозицијата, туку и со граѓанското општество. И тоа е секако она што сакаме да продолжиме: соработка со граѓанското општество, поддршка за слободен, независен печат, бидејќи тоа ги прави демократиите навистина живи”, додаде таа.

Лирман во разговорот се осврна и на иницијативата „Отворен Балкан” во која моментално се Србија, Албанија и Северна Македонија.

„Пред се разбирам дека постои голема желба за соработка во регионот. Во исто време, иницијативите кои сакаат да ја зајакнат регионалната соработка мора да бидат навистина инклузивни, што значи да се вклучат и земји како Косово”.

Осврнувајќи се на влијанието на другите актери во регионот, како што е Русија, Лирман вели дека одговорот е европската перспектива: „За нас е централно да стане јасно дека овие земји се дел од европската куќа и навистина припаѓаат таму. Дури и од геостратешки причини”.

„Во Европа многу зборуваме за европскиот суверенитет. И ако сакаме да бидеме суверени како Европејци, мора навистина да постигнеме стабилност и соработка на Западен Балкан, кој е веќе во европската куќа, но не формално. И затоа ми е многу важно”, заклучува Лирман.

 

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

d0b7d0b5d0bbd0b5d0bd d185d183d0bcd0b0d0bd d0b3d180d0b0d0b4 d0b8d0bdd0b8d186d0b8d180d0b0 d0bdd0bed0b2 d0bfd180d0b8d181d182d0b0d0bf d0b2 61ebdb0122bea
Story i mëparshëm

Зелен хуман град иницира нов пристап во планирањето на Скопје

ronaldo nuk dorezohet lehte 61ebdbbdd8482
Story i radhës

“Ronaldo nuk dorëzohet lehtë”

Të fundit nga

afsqamarhyazeubebnbsbgcacebnyzh-CNzh-TWcohrcsdanleneoettlfifrfyglkadeelguhthahawiwhihmnhuisigidgaitjajwknkkkmkokukylolalvltlbmkmgmsmlmtmimrmnmynenopsfaplptparorusmgdsrstsnsdsiskslsoessuswsvtgtatethtrukuruzvicyxhyiyozu
ShkoLartë