КРУНИСАНА Е „ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ“, БРАНКО СТОЈЧЕВСКИ И ИВИЦА ЗАРКОВ ГИ ДОБИЈА КЛУЧЕВИТЕ ОД СВОИТЕ НОВИ „МИЛЕНИЦИ“

Патот до целта знае да биде убав и возбудлив, но она што дава смисла на сè е исполнувањето на таа цел. Најпопуларната наградна игра во Македонија ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ ја мина својата целна линија и многу играчи ги довезе на средба со нивните желби. Меѓутоа само двајца на крај добија привилегија да го доживеат она што сите го сонуваа – да ги примат клучевите од својот нов автомобил Мерцедес.

Бранко Стојчевски и Ивица Зарков се победниците на ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ и со тоа освојувачи на главната награда, автомобил Мерцедес, секој во својата категорија. Триумфално дојдоа во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија на прогласување и доделување на вредните награди. На малата свеченост имаа можност и да наздрават со познати и омилени лица, Едина Муса и Игор Стефановски-Иџе, кои всушност им ги предадоа клучевите од нивните нови „трофеи“.

Ивица Зарков е добитникот во категоријата видеолотариски игри. Тој освои автомобил модел Mercedes Benz c180. Не криеше дека е страстен играч и дека игрите му служат за да се забавува и релаксира. Најчесто играл три игри во исто време и тие се оние кои му донесоа успех, да го освои првото место во поредокот и со тоа да го добие мерцедесот.

„Не постои начин да ја искажам мојата радост во моментов. Можам да посакам само да го возам во убаво друштво“, рече Ивица.

Добитникот во категоријата спортско обложување, пак, Бранко Стојчевски, покрај што беше среќен беше и видно изненаден. Тој ја освои наградата автомобил модел – Benz CLA 180 Coupe.

„Искрено, не очекував дека токму јас ќе стигнам до мерцедесот. Ова е вистинско изненадување за мене, а верувајте и за мојата сопруга. Таа ќе биде првата што ќе се вози во него“, истакна Бранко.

Нивната победа во двете категории и добивањето на автомобилите мерцедес е круната на ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ, наградната игра, која пет месеци ги забавуваше и ги наградуваше играчите на единствената легална платформа за онлајн игри на среќа, 2win.mk. Покрај Бранко и Ивица, во текот на овие пет месеци или пет натпреварувачки кола, 420 други играчи освоија 420 парични и стокови награди како скутери, велосипеди, електрични тротинети, лаптопи, таблети, телефони, дигитални часовници… Видеолотарија Касинос Австрија и нејзините верни играчи уште еднаш се покажаа како тим кој пред сè забавува и носи радост.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #Jackpot #VLT

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Story i mëparshëm

Taravari kërkon zgjedhje në vjeshtë

Story i radhës

Drejtori ia rrëmben zemrën e moderatores

Të fundit nga