d0bad0bed0b2d0b0d187d0b5d0b2d181d0bad0b8 d0bdd0b0 d181d180d0b5d0b4d0b1d0b0 d181d0be d0bbd0b8d0b4d0b5d180d0b8d182d0b5 d0bdd0b0 d0b5d183 61fe25f1646ba

Ковачевски на средба со Лидерите на ЕУ: Почеток на преговори со Северна Македонија веднаш

February 5, 2022
min lexim

Лидерите на Европската Унија се едногласни во поддршката за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за отворање на поглавјата за преговори без одлагање. Од Европската комисија, пак, се очекува да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Северна Македонија и Албанија. Ова е епилогот од првата дводневна официјална посета на премиерот Димитар Ковачевски на Брисел.

На средбите во европските институции во Брисел, Ковачевски беше придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, Ковачевски кажал дека во наредниот период, за време на претседавањето на Франција со ЕУ, едно од клучните очекувања е Европската комисија да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Северна Македонија и Албанија. Ковачевски ја информирал Фон дер Лајен за резултатите од интензивната агенда на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, посочувајќи дека на двете официјални работни средби и во Скопје и во Софија, е постигнат договор за унапредување на билатералната соработка преку создавање на пет работни групи, информираа од премиерскиот кабинет.

Тој истакнал дека од нивната работа се очекуваат конкретни резултати кои ќе бидат преточени во патоказ кој ќе го забрза процесот за одржување на првата Меѓувладина седница на Северна Македонија со ЕУ за отворање на поглавјата за членство во Унијата.

Двајцата соговорници на средбата се согласиле дека од голема важност е што поскоро да започне преговарачкиот процес за Северна Македонија за да се одржи динамиката на реформите.

– Ја охрабрувам Северна Македонија да продолжи со испорачување на реформите и да го одржи позитивниот моментум со Бугарија, на нејзиниот пат кон ЕУ, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

На средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, премиерот го информирал дека новата Влада го задржува фокусот на клучните реформски области за европеизација на владеењето на правото и борбата против корупцијата, демократското владеење, економскиот развој, енергијата и климата и дигиталните транзиции, како и на унапредување на добрососедските односи и европската интеграција. За време на разговорот, Ковачевски го информираше Мишел за започнатиот интензивен дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија, соопштија од кабинетот на премиерот.

На средбата со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, Ковачевски изразил благодарност за континуираниот ангажман и подготвеност на Европскиот парламент во поддршката на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан да напредуваат во процесот на интеграција во ЕУ.

– За време на разговорот во Европскиот парламент, претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски ја запозна Мецола со силно изразената подготвеност на Владите во Скопје и Софија да ги удвојат напорите за подобрување на меѓусебните односи со јасни намери да го забрзаат процесот за одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, соопшти владината прес-служба.

На средбата беше истакнат напредокот во реформите во судството и владеењето на правото препознаени и во последниот извештај на ЕК, и беше нагласено дека Северна Македонија продолжува со силна политичка посветеност да ги имплементира позитивните препораки на ЕП за имплементација на реформите за да се заокружи стратешкиот проект за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

На крајот на неговата посета на Брисел, Ковачевски подвлече дека иднината на Северна Македонија е во европското семејство и дека тоа е иднина на највисоки демократски вредности, на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата и пат кој на младите им создава предвидливост и простор за развој.

– Овде во Брисел ги известив нашите партнери од ЕУ за напредокот што го направивме заедно со Бугарија во продлабочувањето на добрососедската соработка. Јасна е и поздравена заложбата на двете земји за изнаоѓање решенија и интензивирање на дијалогот. Низ разговори со нашите пријатели Шарл Мишел во Европскиот совет и Роберта Мецола во Европскиот парламент, потврдена е отворената поддршка за одржувањето на првата меѓувладина конференција, рече вчера Ковачевски.

Тој потсети дека посетата ја започна со заедничката прес-конференција со генералниот секретар Јенс Столтенберг во НАТО и оти заедно го потврдиле единството по прашањата поврзани со Украина, и потребата од деескалирање и решавање на прашањата со Русија по пат на дипломатија, бидејќи, како што кажа, „ние сме НАТО, а НАТО е за мир и дијалог, за сигурност и безбедност”.

Европската Унија се надева дека до крајот на француското претседателство со ЕУ, на 30 јуни, ќе се деблокира спорот меѓу Скопје и Софија и со тоа ќе можат конечно да започнат долго одложуваните преговори за членство со Северна Македонија, но и со Албанија, за која голем број земји членки на ЕУ не сакаат да дадат зелено светло без Северна Македонија.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

trafiku urban ka nje njoftim lidhur me orarin e qarkullimit te autobuseve 61fe24cea1639
Story i mëparshëm

Trafiku Urban ka një njoftim lidhur me orarin e qarkullimit të autobusëve

cfare dime per super vaksinen qe po e zhvillon ushtria e shba 61fe2718b3d55
Story i radhës

Çfarë dimë për super-vaksinën që po e zhvillon ushtria e SHBA?

Të fundit nga

ShkoLartë