И младите скопјани добија Селфи-музеј – еве што нуди!

February 9, 2022
1 minut lexim

Скопје доби прв селфи-музеј, посветен на современата визија на автопортретот и љубителите на социјалните мрежи. Лоциран е во трговскиот центар „Сити мол“, а влезницата чини 100 денари за лице, односно 300 денари за 4 посетители.

За деца до шест години, влезот е слободен, а посетата е ограничена на максимум 40 минути и во согласност со сите ковид-мерки.  

Има интересен ентериер и 18 различни содржини за создавање фотографии и видеа за социјални мрежи. Поставени се триподи за самостојно фотографирање, како и лице задолжено за поддршка на посетителите.

Во светот веќе постојат вакави верзии на „музеј“, каде се забавуваат посетители од различни возрасти, иако најмногу одговараат за деца над осум години и младинци. 

Музејот ќе биде со времен карактер, па така ќе биде отворен до 10 март годинава.

Миа, Јон, Пале и Филип го посетија музејот и еве какви фотографии направија оттаму. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Tabaku: Kur propagandës i del boja, qytetarët panë dje se inceneratori i Fierit nuk ishte funksional  

Story i radhës

ВИДЕО | Ѓуровски: Војна меѓу НАТО и Русија нема да има

Të fundit nga

ShkoLartë