d0b8d181d0bad0bed0bfd0bed182 d0b8 d0bfd0bed181d182d0b0d0b2d183d0b2d0b0d19ad0b5d182d0be d0bdd0b0 d182d0b5d0bcd0b5d0bbd0b8d182d0b5 d0be 61f2809148753

Ископот и поставувањето на темелите околу малата депонија во ОХИС се завршени

January 27, 2022
min lexim

image 157609

Во периодот од официјалното означување на стартот на активностите на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“ а се однесуваат на малата депонија на ОХИС, реализирани се најголемиот дел од активностите предвидени со подготвителната фаза.

Конкретно, реализирани се активности за подготовка и расчистување на теренот, обезбедување и обука на персоналот кој ќе работи на теренот, обезбедување механичка опрема и машини, спроведување оперативни процедури на самата локација и надвор од локацијата, анализа на почвата околу малата депонија, како и сепарација и пакување на ископаната почва од рововите.

– Активностите поврзани со ископот и поставувањето на темелите се веќе завршени и за нивното спроведување беше потребен временски период од приближно 50 дена. За самите темели се ископани ровови во кои е поставена тампонирана подлога од чакал и метална арматура и истите беа залевани со бетон, постапка што во следниот период ќе обезбеди потребна цврстина и стабилност на надземната метална конструкција и шаторот. На северниот ров каде активностите граничат со големата депонија, спроведено е дополнително заврстување на ѕидот на оваа депонија, соопштија од Македонското еколошко друштво(МЕД).

Оттаму наведоа дека со поставувањето на безбедносниот шатор кој овозможува работа во услови со негативен притисок, завршува подготвителната фаза.

– Условите и одржувањето на негативен притисок во шаторот нема да дозволат излез на ситните честички прашина од местото на ископ на контаминираниот материјал од депонијата, со што ќе се превенираат несакани емисии на контаминиран материјал во воздухот, додадоа од МЕД.

Оттаму посочија дека на поставувањето на шаторот во текот на февруари ќе претходи поставување на металната конструкција. Динамиката на овие активности, како што истакнаа, ќе зависи од поволноста на временските услови.

– Досега работата на изведувачот ПОЛИЕКО, освен од Државниот инспекторат за животна средина е следена и од супервизорската компанија TAUW. Во оперативната фаза изведувачот ПОЛИЕКО ќе спроведе обуки на персоналот за ископување и ракување со отпад од HCH, процес на ископување, пакување, складирање и реставрација на локацијата. Завршна фаза на целиот процес е делот на транспортирање на отпадот до објекти за конечно отстранување од Северна Македонија, преку соседна Република Грција до Франција и Холандија, каде ќе се спроведе дополнително согорување или ремедијација на отпадните материи и почва, образложија од Македонското еколошко друштво.

Оттаму наведоа дека во сите фази на процесот на чистење, независно од изведбата на вработените и ангажираните лица од страна на фирмата изведувач ПОЛИЕКО, ќе се спроведува активно следење на состојбата на животната средина преку следење на квалитетот на изведбата, квалитетот на воздухот и следење на квалитетот на подземните води.

Сите податоци ќе бидат објавени во јавност по завршувањето на мерењата во текот на отстранувањето на линданот, а деталите околу истражувањата ќе бидат споделени и на јавни дебати. Македонското еколошко друштво (МЕД) подготвува и документарно видео за целиот процес на отстранувањето на линданот од малата депонија во ОХИС.

МЕД во рамките на повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“, спроведува активности за подигнување на јавната свест за значењето и влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина. Проектот е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд (GEF), имплементиран преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization) и се спроведува во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

RENT A CAR

vitin e kaluar spb tetove ka regjistruar 547 shkelje te rendit dhe qetesise publike 61f28076669b1
Story i mëparshëm

Vitin e kaluar SPB Tetovë ka regjistruar 547 shkelje të rendit dhe qetësisë publike

d0bcd0b5d193d183d0bdd0b0d180d0bed0b4d0b5d0bd d0b4d0b5d0bd d0bdd0b0 d181d0b5d19cd0b0d0b2d0b0d19ad0b5 d0bdd0b0 d185d0bed0bbd0bed0bad0b0 61f2809a1f8d3
Story i radhës

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Приказната е запаметена, но иднината е таа кон која треба да стремиме

Të fundit nga

afsqamarhyazeubebnbsbgcacebnyzh-CNzh-TWcohrcsdanleneoettlfifrfyglkadeelguhthahawiwhihmnhuisigidgaitjajwknkkkmkokukylolalvltlbmkmgmsmlmtmimrmnmynenopsfaplptparorusmgdsrstsnsdsiskslsoessuswsvtgtatethtrukuruzvicyxhyiyozu
ShkoLartë