Новинарот и аналитичар Зоран Иванов во објава на Фејсбук посочува дека Гоце Делчев се борел за „малку поголема Македонија од оваа наша држава“ и дека грчките и бугарските власти, во името на сите нивни граѓани, можат да стават цвеќе на неговите бисти, каде и да се тие.
„Ќе им каже ли некој и на историчариве „патриоти“ дека Македонци имало и има и во Бугарија и во Грција и дека Делчев се борел за малку поголема Македонија од оваа наша држава Македонија и дека како и овде, така и на исток и на југ, тамошните власти, во името на сите нивни граѓани, секако, и на Македонците таму, можат да стават цвеќе на неговите бисти, каде и да се тие“, напиша Иванов на Фејсбук.