Зошто Скопје треба да стане Зона 30?

January 23, 2022
1 minut lexim

Групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје, НА ТОЧАК, уште еднаш апелираше за намалување на дозволената брзина во градска средина, откако во тешка сообраќајна несреќа што се случи завчеравечер во близина на трговскиот центар „Сити мол“ загина 25-годишна девојка, а едно лице беше повредено.

Во објава на Facebook, НА ТОЧАК образложија зошто цело Скопје (освен булеварите) треба да стане Зона 30 и зошто на булевар не смее да се вози повеќе од 50 км/ч.

„Возењето прилагодено на условите во населено место спасува животи, а брзината убива. Знаејќи го тој факт, ако некој свесно вози побрзо од дозволеното низ населено место, треба да одговара за убиство со умисла“, стои во објавата.

Полицијата мора да се ангажира и да ги впрегне сите човечки и технолошки потенцијали да не постои еден некaзнет што надминал 50 км/ч, апелираат од НА ТОЧАК и додаваат дека Градот мора да ги дизајнира булеварите со потесни ленти (максимум 3 метри) и помали радиуси на свртување кои одговараат на брзини до 50 км/ч, а не на брзини до 90 км/ч.

НА ТОЧАК исто така предлагаат:

  • Мерки за смирување на сообраќајот соодветни за булевари.
  • Градот мора да го изработи документот Визија Нула – стратешки документ за нула жртви во сообраќајот, за чија изработка гласаше Советот пред 1 месец.
  • Општините под итно треба да ги прогласат сите свои улици за Зона 30.
  • РСБСП и автошколите да се фокусираат со најризичните групи на возачи.
  • А обинителствата и судот да не ги третираат овие удари како несреќи!

Ако возачот возел со соодветна брзина, ќе закочел навреме и ќе се избегнел ударот или немало да биде смртоносен, велат тие и потсетуваат дека порастот на брзината експоненцијално ја зголемува шансата за фатален исход.

„Ако при брзини од  30 км/ч шансата за преживување е 90%, при 50 км/ч, шансата за преживување е 60%, при 60 км/ч се намалува на 20%, а веќе за брзини над 70 км/ч, шансата за преживување на пешак е 0%, нагласуваат од НА ТОЧАК.

 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Gjobiten 17 shoferë të dehur në territorin e SPB Tetovë

Story i radhës

Правилата за влез во Грција продолжени за уште две седмици: И понатаму задолжителен негативен тест

Të fundit nga

​Fushë Kosova me rrethinë mbesin pa rrymë

Komuna e Fushë Kosovës me rrethinë ka mbetur pa rrymë nga ora 12:00. Sipas Operatorit të Sistemit, Transmisionit dhe Tregut (KOSTT kjo komunë mbetet pa rrymë deri në orën 15:00. Sipas KOSTT,

Vit i ri, sulm i ri

Një qëllim për vitin e ri? E po, të ndryshojë. Sulmi i Milanit, mes Krishtlindjeve dhe Epifanisë, rrezikon një ristrukturim të rëndësishëm. Në ndeshjen e fundit të vitit, kundër Romës, Fonseca mund
ShkoLartë