Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувствуван во крајниот западен дел од Македонија, а епицентарот, според европската сеизмолошка мрежа ЕМСЦ е во соседна Албанија, недалеку од границата со нашата земја.
Земјотресот бил на длабочина од 40 километри.
Според објавите на социјалните мрежи, потресот, покрај во Дебар и околните мест, бил почувствуван и во Струга и Охрид.
#Earthquake (#земјотрес, #tërmet) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M3.2 || 17 km SW of #Дебар (North Macedonia) || 3 min ago (local time 22:36:52). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/WkBVpFnTYU
— EMSC (@LastQuake) February 9, 2022