Дона Неделковска: Бесна сум што ме заборавија!

January 25, 2022
1 minut lexim

Тетовката Дона Неделковска, која едвај спаси жива глава по породувањето во тетовската болница со царски рез, за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот случај нема разврска, што ја прави да се чувствува обесправено. Неделковска се породи во тетовската болница лани на 1 јули. Иако бебето беше спасено, нејзината состојба беше животозагрозувачка, затоа што матката продолжила да крвари, а веќе била зашиена. Поради ова, таа повраќала на секои половина час, ослабела 15 килограми, за на крај да дојде до степен да мора да се спасува на скопските интерни клиники во комплексот „Мајка Тереза“.

Станувала се послаба и послаба, стомакот и бил целиот со грутки, а лекарите во Тетово ја убедувале дека има гастритис и мрзеливи црева. Дека не се работи ни за едното ни за другото, наговестила следната состојба, кога почнала да повраќа фекалии низ устата за на четвртиот ден по породувањето конечно да добие назогастрчна сонда (црево од нос во желудник) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат.

По четири денови голгота, била итно пратена во Скопје со Брза Помош, каде и било направено отстранување на матката бидејќи била скапана.

Неделковска јавно раскажа дека во тетовската болница 5 дена ја чувале со некроза на матката, на раб на сепса и дека ја лекувале со чај од нане и рузмарин.

Еден месец откако таа јавно истапи со својата приказна, разврска од стручниот медицински надзор кој беше најавен уште нема.

-Не сакам мојот случај да се заборави и да се заташка. Немам никаков одговор, а помина повеќе од еден месец. Многу луѓе чекаат одговор и се потпираат на мене, не сум само јас, сите ги засега. Владата е во транзиција, се менуваат министри, ама тука сме, уште сите чекаме расплет. Се чувствувам бесно дека нема одговор и се чувствувам извисена од институциите кои треба да го штитат интересот на пациентите оштетени како мене, вели Неделковска за Слободен печат.

Таа додава дека сака да тужи, меѓутоа и за тужба мора прво да пристигне одговор од стручниот надзор на кој чека и нејзиниот адвокат.

-И адвокатката прати барање за надзор и уште нема ништо, вели Неделковска.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Директорите на скопските јавни претпријатија потполнија анкетни листови, ќе има ветинг за прв пат

Story i radhës

Timothy Less i befasuar me ngjarjet në Ballkan: Urdhri i Amerikës veç sa ka filluar, çka do të ndodhë me bashkimin Kosovë-Shqipëri

Të fundit nga

ShkoLartë