Јавното претпријатие „Водовод и канализација” спроведува акција со која долговите кои сите правни и физички лица ги имаат кон претпријатието може да се платат на рати без пресметка на камата.
Како што информираат од претпријатието, акцијата за подмирување на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од денеска, па заклучно со 15 март 2022 година. Со оваа акција на сите корисници им се овозможува долгот да го исплатат на најмногу 24 рати, во зависност од неговата висина.
– Сите заинтересирани корисници кои што имаат заостанат долг кон ова претпријатие, во наведениот период треба да аплицираат за склучување на договори за исплата на долг без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Од претпријатието апелираат до граѓаните, поради ковид-пандемијата, да ги почитуваат протоколите при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите, стои во соопштението од ЈП „Водовод и канализација”.
Се дополнува дека за дополнителни информации за поволностите од оваа акција граѓаните можат да се обратат во Дежурно информативниот центар или во Дирекцијата.