d0b4d0b5d186d0b0 d0bad0bed0b8 d181d0bbd0b5d0b4d0b0d182 d0bed0bdd0bbd0b0d198d0bd d0bdd0b0d181d182d0b0d0b2d0b0 d0b4d0bed0b1d0b8d0b2d0b0 6203dc6bb2a40

Деца кои следат онлајн настава добивале изостаноци во е-дневник

February 9, 2022
1 minut lexim

Професорите им пишуваат изостаноци и на ученици кои наставата ја следат онлајн поради изолација или како последица на ковид. Како резултат на тоа има и такви кај кои во првото полугодие се евидентирани и по сто изостаноци, кои класниот раководител ги оправдува, но стравот од класен испит натера родител од Скопје да се обрати до редакцијата на Слободен печат со цел да алармира за неправдата која им се нанесува на учениците.

-Моето дете во првото тримесечие беше отсутно од физичката настава поради настинка, но реално не изостана ниту еден час бидејќи  тие денови следеше онлајн настава. Истото се случи и неколку дена пред крајот на првото полугодие кога поради ковид-19 со лесни симптоми, наставата продолжи да ја следи онлајн. Сега во е-дневникот има запишано 56 оправдани часови, па ме загрижува дали ќе има реперкурсии понатака, зошто уште неколку дена отсуство од физичка настава, би имала над 100 оправдани часови, што е премногу за еден одличен ученик, а реално не била „оправдано отсутна“ ниту еден час туку поради болест наставата ја следеше онлајн, вели родителка на ученичка во 9-то одделение.

Од друга страна, професорка по македонски јазик која предава во едно од скопските средни училишта вели дека мораат да ги евидентираат учениците како отсутни поради нивната неажурност и нередовно приклучување на настава.

– Имам впечаток дека онлајн наставата се злоупотребува. Голем дел од учениците кои се пријавени дека наставата ќе ја следат од дома, не се вклучуваат на часовите, или се приклуваат на последните часови откако ќе се наспијат. Во тој случај ние како професори мораме да ги евидентираме како отсутни. Потоа, ако класниот раководител смета дека е исправно, ќе им ги оправда изостаноците, но тоа не е решение, бидејќи со повеќе од двеста изостаноци се оди на класен испит, а толкав број на изостаноци лесно се прават, вели професорката.

Таа нагласува дека злоупотребите се исклучително застапени за време на тестовите.

– Често се случува да добијат висока оценка ученици кои знаеме дека не се толку подготвени. Свесни сме за злоупотребите на учениците, затоа и имавме обиди тестирањата да ги вршиме во училиштето, одржувајќи протоколи, но добиваме реакција од родителите дека нема да ги пуштат нивните деца во училиштето бидејќи се плашат од вирусот. Во тој случај ние сме немоќни, а учениците се многу креативни кога станува збор за препишување, вели професорката по македонски јаизк.

Од Министерството за образование и наука велат дека не смее ученикот да се евидентира како отсутен ако посетува онлајн настава.

– Доколку ученикот посетува настава преку еден од понудените модели, тогаш не треба да му се евидентира отсуство. Доколку тоа се случи, ги охрабруваме родителите да реагираат преку Државниот просветен инспекторат. Досега до МОН не се пристигнати реакции за организирање на онлајн настава за ученици кои не посетуваат настава со физичко присуство поради оправдана причина, велат од Министерството.

 

 

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

d181d182d0b0d180d182d183d0b2d0b0d0b0 d183d187d0b8d0bbd0b8d188d0bdd0b8d182d0b5 d181d0bfd0bed180d182d181d0bad0b8 d0b8d0b3d180d0b8 2021 22 6203dc6796347
Story i mëparshëm

Стартуваа училишните спортски игри 2021/22 во Општина Центар

petrovska bomgartner negociatat aderuese me be ne duhet te fillojne sa me shpejte 6203e18fb07eb
Story i radhës

Petrovska-Bomgartner: Negociatat aderuese me BE-në duhet të fillojnë sa më shpejtë

Të fundit nga

ShkoLartë