Сончево, во западните делови со појава на мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3 , а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност преку денот и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Утре под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува врнежите да б идат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка.
Во вторник ќе дува засилен до силен северен ветер кога ќе има опаѓање на дневните температури, а во деновите потоа ќе бидат во позначителен пораст.