Град Скопје иницира предлог – закон за заштита на Водно

January 27, 2022
1 minut lexim

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и на „Иницијативата O2“, на којашто разговараа за фазата на реализација на иницијативата за предлог- законот за заштита на Водно.

Градоначалничката Арсовска посочи дека Водно и Скопје се неразделно поврзани, a со насилната и нелегална урбанизација се загрозува овој зелен штит на градот и не треба да се дозволи узурпација на овој значаен дел од Скопје.

„Се обврзавме на заштита на Водно, со обезбедување дополнителен степен на законски регулирана заштита во интерес на Скопје и скопјани. Започнавме со креирање предлог решение за законски обезбедување заштита на Водно, со што инициравме Закон за заштита на Водно“, посочи градоначалничката Арсовска на денешната средба.

Заедно со граѓанските организации Град Скопје започна постапка и во својата програма за 2022 година издвои средства за изработка на Просторен план за Водно.

Градот Скопје се заложува за системско решение за Водно и со иницирањето на овој предлог-закон, кој ќе биде поднесен до Собранието, конечно правно ќе се регулира заштитата на Водно, порачаа оттаму. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Prokuroria për vdekjen e Rexhail Qerimit: Nuk ka shenja dhune

Story i radhës

Бочварски: Над 11 милиони евра инвестиции за нов навигациски систем во М-НАВ

Të fundit nga

​Fushë Kosova me rrethinë mbesin pa rrymë

Komuna e Fushë Kosovës me rrethinë ka mbetur pa rrymë nga ora 12:00. Sipas Operatorit të Sistemit, Transmisionit dhe Tregut (KOSTT kjo komunë mbetet pa rrymë deri në orën 15:00. Sipas KOSTT,
ShkoLartë