Градски паркинг нуди поволности за паркирање во зоните А8, Ц45 и Ц46

February 14, 2022
1 minut lexim

Јавното претпријатие „Градски паркинг” ги информира граѓаните за поволностите што ги нуди за регулирање на паркирањето, особено за зона А8, Ц45 и Ц46. 

 – Сакаме да ги известиме граѓаните дека цените за месечна дозвола за паркирање изнесуваат 4000 денари за физички и правни лица на зона А и 2000 денари на зона Ц. Потенцираме дека за лица вработени во институции, месечната дозвола е на износ од 800 ден. Со тоа им нудиме можност на вработените да ја регулираат услугата паркирање по поволни услови, се вели во соопштението од ЈП Градски Паркинг.

Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани корисници кои се вработени во институции кои со адресите или подружници се лоцирани на една од горенаведените зони: Ц45 која се наоѓа во кругот на МРТВ, Ц46 која се наоѓа покрај кеј Димитар Влахов (МКЦ) и А8 лоцирана кај Стоковна куќа Мост, да се обратат во ЈП Градски паркинг – Скопје и да го регулираат паркирањето.

За тоа се потребни документи за тековна состојба од Централен регистар, потврда за редовен работен однос и сообраќајна дозвола (на увид).

Доколку сообраќајната дозвола не е на име на барателот, потребно е да се достави полномошно за управување на пмв заверено на нотар. Полномошното може да биде од исклучиво од роднина од прв наследен ред и тоа: сопружници, родители и деца, и лизинг.

За дополнителни информации граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02 321 55 66, лок. 201 и 202 во период од 08:00-16:00 од понеделник- петок.

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Agjencia e Mbikqyrjes Policore bën arrestimin e parë, pranga efektivit, shtyu të miturin të vidhte

Story i radhës

Dhjetë persona të akuzuar për prerje të pyjeve në rajonin e Gostivarit

Të fundit nga

ShkoLartë