d0b3d0b8 d0b7d0b0d0bfd0bed0b7d0bdd0b0d0b2d0b0d0bcd0b5 d180d0b5d182d0bad0b8d182d0b5 d0b1d0bed0bbd0b5d181d182d0b8 d0bcd0b5d0bbd0bad0b5 61fd1ac00d6a0

Ги запознаваме ретките болести: Мелкерсон-Розенталов синдром

February 4, 2022
min lexim

Во рамките на серијалот ,,Ги запознаваме ретките болести” Слободен печат цел месец февруари објавува текстови со кои се цели да се запознае јавноста со проблемите на лицата со ретки болести.

Активностите заеднички ги спроведуваат здруженијата „Живот со предизвици”, „Ретко е да си редок” и охридското „Супер радио” за запознавање на јавноста за ретките болести во земјата. Целта е подигање на гласот за проблемите со кои се соочуваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.

Мелкерсон-Розенталов синдром

Мелкерсон-Розенталов синдром (МРС) е ретко невролошко нарушување кое се карактеризира со тријада составена од рекруентни симптоми, и тоа: долготраен орофацијален едем, особено на едната или двете усни (грануломатозен хиелитис), рекруентна лицева парализа и набразден јазик.

Синдромот за првпат е опишан во 1920 година од Ернест Густав Мелкерсон кај 35-годишна пациентка со орофацијален едем и парализа на фацијалниот нерв. Поврзаноста на парализата на фацијалниот нерв и набраздениот јазик е опишана во 1931 година од Розентал.

Почетните симптоми се јавуваат помеѓу 25-та и 40-та година од животот. Жените имаат поголема предиспозиција во однос на мажите (2:1), додека пак, МРС е редок кај децата. Опишани се досега 30 случаи кај деца, со тоа што почетните симптоми се јавуваат помеѓу 7-та и 12-та година.

Етиологијата на Мелкерсон-Розенталовиот синдром е недоволно разјаснета. Етиопатогенезата на ретките педијатриски случаи е поврзана со инфекцијата предизвикана од Херпес Симплекс вирусот, хередитарни грануломатозни нарушувања, туберкулоза и лепра, хронични инфекции, Даунов синдром, псоријаза, тироидитис, мултиплекс склероза, кератитис, Вегнерова грануломатоза, дијабет, саркоидоза, улцеративен колитис и алергии. Респираторните инфекции од инфлуенца-вирусот можат да бидат тригер-фактор за ремисија на болеста.

Постојат докази кои сугерираат дека Мелкерсон-Розенталовиот синдром има наследна компонента бидејќи забележано е фамилијарно наследување кај неколку пациенти. Сепак, клиничката презентација варира и го прави процесот на дијагностицирање еден вид предизвик за клиничарите.

Мелкерсон-Розенталовиот синдром обично се дефинира со класичната тријада од симптоми (лицева парализа, повторувачки орофацијален едем и набразден јазик). Неговата комплетна клиничка презентација е невообичаена. Опишана е во само 10-25 % од дијагностицираните случаи.

Парализата на лице има невролошко потекло и се карактеризира со неподвижност на мускулите кои се надразнети од лицевиот/фацијален нерв. Оваа состојба најчесто се јавува како резултат на привремено или трајно оштетување на фацијалниот нерв предизвикано од воспаление, оштетување на ткивата, и сл. Фацијалниот нерв е одговорен за инервација на различни подрачја на лицето и околните структури. Неговата функција е контрола врз мимиката на лицето која овозможува изразување емоции, артикулација на гласовите, звуци, јадење, итн. Присуството на разни патолошки процеси можат да предизвикаат слабеење или парализа на подрачјето кое е инервирано од фацијалниот нерв. Кај Мелкерсон-Розенталовиот синдром, парализата на лицето може да има периферен карактер со зафаќање на едната страна на лицето, со повторувачки карактер. Овој симптом се јавува кај повеќе од 30 % од заболените. Обично е со брз развој, за време од околу 24-48 часа.

Орофацијалниот едем е присутен кај 80 % од случаите. Се карактеризира со присуство на абнормална и патолошка акумулација на течности која создава воспаление или оток на зафатеното подрачје. Може делумно или во потполност да го зафати лицето, јазикот, непцата или оралната слузница. Најчесто се зафатени усните, посебно горните (грануломатозен хиелитис). Орофацијалниот едем често е пропратен со фебрилни епизоди и други симптоми. Овој клинички симптом обично се јавува во рок од неколку часа со тенденција за кратко време да добие повторувачки тек.

Овој вообичаен симптом се карактеризира со надолжна вдлабнатина на средината и со појава на попречни пукнатини. Овој симптом е поврзан со генетските абнормалности и обично е пропратен со намалено чувство за вкус и парестезии.

Дијагнозата на овој синдром се поставувa врз основа на сомнежот кон класичната симптоматска тријада. Не постои лабораториски тест кој може да го утврди неговото присуство. Хистопатолошките испитувања често се користат при анализа на едемот.

Не постои специфичен третман за Мелкерсон-Розенталовиот синдром. Кортикостероидите се основен елемент во третманот на овој синдром кои овозможуваат подобрување кај 50-80 % од пациентите и ги редуцираат шансите за ремисија за 60-75 %. Во третманот се вклучени и нестероидните антиинфламаторни лекови, антихистаминици и антибиотици. Кај некои пациенти се препорачува и употреба на имуносупресиви. Хируршкиот третман и радијацијата се препорачуваат за редукција на абнормално отечените усни.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

d182d0b5d188d0bad0b0 d181d0bed0bed0b1d180d0b0d19cd0b0d198d0bad0b0 d0b2d187d0b5d180d0b0 d0b2d0be d0bad0bed0bdd0b4d0bed0b2d0be 61fd1abd94149
Story i mëparshëm

Тешка сообраќајка вчера во Кондово

rahovec vazhdon aksioni per lirimin e hapesirave publike nga ekspozimi i mallrave ushqimor 61fd1af388856
Story i radhës

Rahovec, vazhdon aksioni për lirimin e hapësirave publike nga ekspozimi i mallrave ushqimor

Të fundit nga

ShkoLartë