ВМРО-ДПМНЕ објави „бомба“ за ексградоначалникот на Бутел Смилевски, тој вели: „Меур од сапуница“

February 9, 2022
1 minut lexim

Поранешниот градоначалник на општина Бутел, Велимир Смилевски, ја опиша денешната „бомба“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за него како „меур од сапуница произлезен од центарот за шириење на лажни вести во Белиот дворец“.

-Вистината е мојот најдобар сојузник и во времето кога бев градоначалник на Бутел, а и сега. А таа е дека на стартот на мојот четиригодишен градоначалнички мандат во Општина Бутел наследивме дотраени и светилки за улично осветлување стари и повеќе од 40 години. Мрежата ја обновивме, почнавме со употреба на натриумови светилки, со што заштедувавме по повеќе од 50% на електрична енергија на месечно ниво, објави Смилевски.

Тој додаде дека дополнително биле поставени 25% нова инсталација за улично осветлување низ целата територија на Бутел.

-Јасно е што сакаат да постигнат со ширењето на лаги и дезинформации. Сакаат да го покријат своето неработење и немањето визија за интересите на бутелчани. За тоа сведочи и сегашната состојба, при што во Општината е исклучено уличното осветлување, замислете, заради неплаќање на сметки од страна на актуелниот градоначалник, информира поранешниот градоначалник.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска објави, како што вели, скандалозна тендерска постапка спроведена во општина Бутел во времето на мандатот на Смилевски.

-Станува збор за тендер за изградба на ново јавно улично осветлување на територија на општина Бутел во 2021 која го добила компанијата Друштво за производство трговија и услуги Провиз ДООЕЛ увоз – извоз Визбегово Скопје, согласно огласот под број 12277/2021 – вредност на склучен договор со ДДВ, 12.036.000 денари. Компанијата посочениот тендер го добива врз основа на најниска понуда, постигната на јавниот повик ама во т.н. ‘најниската понуда’ која е добиена како збир на единечни цени се крие сериозна манипулација и злоупотреба, рече Лефков.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

​Kryesuesi i KPK-së takohet me delegacionin e Komisionit të Venecias, diskutohet vettingu

Story i radhës

Nikollovski: Prodhuesit e mollëve për herë të parë do të kenë dy pagesa për subvencione

Të fundit nga

​Nesta rrezikon shkarkimin

Burime të shumta në Itali pohojnë se Monza po shqyrton të ardhmen e Alessandro Nesta-s pas humbjes 2-1 ndaj Juventusit, që la këtë skuadër në fund të tabelës së Serie A. Ish-mbrojtësi
ShkoLartë