Регионалната соработка за младинска соработка РИКО денеска ќе го промовира проектот „Суперучилишта“, кој има за цел да ја продлабочи соработката помеѓу училиштата од Западен Балкан.
– Пристигнаа 127 проектни идеи за размена на ученици од кои беа избрани најдобрите триесет. Проектот претставува една одлична можност за соработка помеѓу училиштата од Западен Балкан, преку ученичка размена да ги пронајдат сите работи кои ги обединуваат, а со тоа да се направи основа за понатамошна соработка. На размената ќе можат да учествуваат ученици кои имаат најмалку седумнаесет години, односно од трета и четврта година од средно образование. Групите ќе бидат составени од 15 ученици и нив ќе ги придружува наставник, а планирано е да имаат и работилници поврзани со нивните струки од училиштата. Учениците од Скопје ќе имаат можност да отидат во Беране, Скадар или други места во регионот, вели Панева.
Размената на ученици ќе трае од шест до десет дена, а предвидено да се одвива во периодот од март до јуни. Дотогаш училиштата ќе имаат време во детали да ја испланираат проектната идеја, со помош на ментор.
Промоцијата на проектот ,,Запознајте ги суперучилиштата од Северна Македонија” е предвидена да се одвива онлајн на Зум. На средбата ќе присуствуваат директорите, наставниците и претставници од стручните служби од 10-те избрани училишта од Македонија, кои ќе имаат можност да ги претстават своите идеи, како најдобри помеѓу апликантите. Настанот ќе биде отворен од раководителот на локалната канцеларија на РИКО во Северна Македонија, Владимир Ѓорѓевски, кој ќе ја претстави програмата за проектот Суперучилишта.