Билјана Бауер, универзитетска професорка од Факултетот за фармација на УКИМ, е еден од најцитираните научници од земјава. Според Унивезитетот Стенфорд, проф. Бауер е меѓу оние 2 отсто научници најцитирани во светот.
-Од 1989 година сум на Фармацевтскиот факултет и ова е резултат од мојот целокупен труд и работа. Моите трудови се од областа на храната. Во времето кога јас влегов на факултет немаше компјутери туку се одеше во библиотеки и сѐ беше на хартија. Читавме апстракти, а трудовите ги порачувавме и беа многу скапи, вели проф. Бауер.
На Гугл Сколаршип трудовите на Бауер се наведени на дури единаесет страници.
Проследете го целиот разговор во видеото