Голем пожар избувна попладнево во индустрискиот дел од Битола, а според информациите на ТВ21, гори фабриката „Жито Битола“, над која може да се забележи огромен столб од чад.
Според Телма, пожарот во моментов го гаснат две пожарникарски возила и седуммина пожарникари, а на помош пристигнуваат уште деветмина пожарникари.
Засега нема информации за причината за пожарот. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека сѐ уште нема информации за тоа како избувнал пожарот. Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели печива.