ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЏИО СТРУМИЦА

November 19, 2024
1 minut lexim

Видеолотарија Касинос Австрија во континуитет ги препознава и поддржува младите таленти за спорт, во рамки на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија. Со задоволство споделуваме дека сме спонзор на Одбојкарскиот клуб Македонија Џио Струмица.

Уште една спортска приказна, добива поддршка за успех. Видеолотарија Касинос Австрија во рамки на својата визија- верен пријател на спортот, обезбеди спонзорство за одбојкарскиот клуб Македонија Џио Струмица. Со оваа поддршка, сакаме да придонесеме младите одбојкари да тренираат и да ги развиваат своите спортски вештини. Средствата од ова спонзорство ќе им овозможат, да ги реализираат зацртаните цели од клубот, успешно да се претстават на натпреварувањата во првата државна лига, како и во државните лиги за млади категории и конкуренции во пионерска, кадетска и младинска конкуренција.

Претседателот на одбојкарскиот клуб Македонија Џио Струмица, Ѓорѓи Ѓоргиев, изрази огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката со која ќе може да се изградат здрави млади луѓе кои го сакаат и негуваат спортот. Тој додаде дека членовите на клубот се пресреќни и силно мотивирани за успех.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.

#ИграјОдговорно

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Njerëz normal: dashuria romantike mes kritikëve dhe audiencës

Story i radhës

Dëmtohen dy kabllo nënujore në Detin Baltik

Të fundit nga

ShkoLartë