Видеолотарија Касинос Австрија со спонзорство од 180.000,00 денари придонесе за рестартирање на турнирот во мал фудбал „Сокол”.
Видеолотарија е спонзор на еден од најпознатите турнири во мал фудбал, Меморијалниот турнир Оливер Соколов – Сокол. Турнирот по пауза од две години заради пандемијата, повторно се враќа на спортскиот календар. Ќе стартува според традицијата, на први септември со почеток во 20:00 часот на игралиштето „Сокол“ во општина Карпош. Ова е негово 18 издание.
Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно