АЦЕР: Северна Македонија, БиХ и Молдавија најзависни од рускиот гас

February 8, 2022
1 minut lexim

Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји, покажуваат податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР).

Земјава, според податоците на АЦЕР објавени минатата недела, е 100 процентно зависна од рускиот гас. Од земјите во регионот зависноста на Србија од рускиот гас е 89 отсто, на Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто,… Најзависна од рускиот гас од западноевропските земји е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна Франција со 24 отсто.

-Гасното поврзување со рускиот гас во Северна Македонија е преку Бугарија. Северна Македонија планира наскоро да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратешко значење за земјата што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување, велат од АЦЕР.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Скопјани најмногу се жалат на суви дрвја, депонии и реагираат за безбеден сообраќај

Story i radhës

Bytyqi: Sipas projeksioneve, paga minimale deri në vitin 2026 do të arrijë në 22 mijë denarë

Të fundit nga

ShkoLartë