Ахмети: Даваме поддршка на Косово во однос на изнаоѓање решение со Србија преку заемно признавање

January 29, 2022
1 minut lexim

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, придружуван од министрите од неговата партија во Владата на Северна Македонија, се сретна со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

– Од витално значење е Косово и Северна Македонија да го продолжат патот на развој и интеграција во Европската унија со меѓусебна поддршка, така што денеска во Приштина седнавме на заедничка работна маса со премиерот Албин Курти и членовите на неговиот кабинет, објави Ахмети по средбата на социјалната мрежа Фејсбук.

Понатаму, Ахмети нагласува дека со институционално координирано дејствување наскоро ќе можеме да реализираме крупни проекти за поефикасна национална интерконекција меѓу нас, како што се патниот правец Тетово – Призрен, автопатот Приштина – Блаце – Скопје, заедничкиот граничен премин и да се интензивираат економска и туристичка соработка меѓу Попова Шапка и Брезовица.

– Продолжуваме да му даваме поддршка на Косово во однос на изнаоѓање решение со Србија преку взаемно признавање како важен процес за стабилност и развојна перспектива на целиот регион, нагласува Ахмети.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

LSI në anën e Berishës? Brahimllari: Përkrahim atë që është opozitë e vërtetë

Story i radhës

Projekti i kriptomonedhës së Facebook jep lamtumirën

Të fundit nga

Rikthehet furnizimi me energji elektrike në Gjilan

Operatori i Sistemit, Transmisioni dhe Tregut (KOSTT), njofton se furnizimi me energji elektrike në Gjilan është rikthyer pas përfundimit të punimeve në asetet 110 kV në Nënstacionin Gjilani 1. “Punimet, të cilat
ShkoLartë