Атанасова: Проблемите со паркирањето во градот брзо ќе се решаваат

Проблемот со наоѓањето паркинг место особено во централно градско подрачје е секојдневие на сите граѓани на Скопје, но најмногу на лицата кои своите работни обврски ги извршуваат во овој дел од градот.

Со порастот на автомобили на територијата на главниот град паралелно расте и потребата од паркинг места.

Директорот на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски најави дека претпријатието во насока на решавање на овој проблем ќе продолжи со реализацијата на ветените проекти, меѓу кои и изградба на катни гаражи и монтажни паркиралишта во неколку скопски општини. Претпријатието ценејќи го осиромашениот буџет на граѓаните поради пандемијата од корона вирусот, енергетската криза со цел да им излезе пресрет на своите корисници пред извесно време на Управен одбор донесе одлука да ги намалат цените кои се наплаќаат за час паркирање за 25 проценти.

-Во изминтатиот период ЈП бележи зголемен интерес за паркирање од страна на корисниците на сите јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање, осбено за зоните А8, Ц45 и Ц46. Корисници на месечна дозвола можат да бидат физички и правни лица, како и вработени во правен субјект кои што гравитираат во конкретната зона, вели раководителката на правен сектор при ЈП Градски паркинг Елизабета Атанасова за Утрински брифинг

-За физичките и правните лица кои сакаат да ги користат услугите за паркирање во споменатите зони потребно е да ги поседуваат следниве документи: За вработените во правен субјект тековна состојба од Централен регистар, потврда за редовен работен однос и сообраќајна дозвола за увид, додека за физичките и правните лица потребно е само да достават барање за апликација, вели Атанасова.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

“Cani debat me Kokën për mungesë të vlerësimit financiar”, PD publikon dokumente për inceneratorët

Story i radhës

ЉУПЧО СЕКУЛОВСКИ ИМАШЕ ПРИЧИНА ЗА ШТО ДА НАЗДРАВИ ЗА СВЕТИ ТРИФУН, СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.572.427,00 ДЕНАРИ

Të fundit nga