d0b0d180d181d0bed0b2d181d0bad0b8 d0b2d0be d0b1d183d0b3d0b0d180d0b8d198d0b0 d0bfd0bed0b2d182d0bed180d0bdd0be d0bed0b4 d0bcd180d0b0d0b2 61fa93f03ceee

Арсовски: Во Бугарија повторно од мравка се прави слон

February 2, 2022
min lexim

Бугарскиот државен врв силно му замери на македонскиот претседател Стево Пендаровски што во петокот во својот кабинет ги прими претставниците на повеќе партии и организации на Македонците во Бугарија, па претседателката на БСП и коалициски партнер во бугарската влада Корнелија Нинова вчера го бојкотираше првиот состанок на работната група за инфраструктура, а лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, која исто така е коалициски партнер во Владата, рече дека одбивањето на Нинова да оди во Скопје било оправдано и дека се надева дека тоа е владин став.

Претходно бугарскиот претседател Румен Радев рече дека постапките и однесувањето на претседателот на РС Македонија не придонесуваат за напредок на толку посакуваниот пат на РС Македонија кон ЕУ, а премиерот Кирил Петков за Пендаровски прокоментира дека „доброто е што надворешната политика на Бугарија и Северна Македонија зависи од премиерот и од Советот на министри на двете влади“.

Според политикологот Петар Арсовски повторно од „мравка се прави слон“, а двете страни се субјективни кога ги оценуваат постапките.

– Од двете страни на границата има политички центри што се потврди и што се помеки. Овој процес на приближување, на надминување на разликите и решение на спорот не треба да биде киднапиран од политичките центри што имаат различен наратив од овој што почнаа да го создаваат двете влади. Секако дека има провокации и кај нив и кај нас, но на нив не треба да се реагира. Во Бугарија има дури и политичари кои јавно изјавуваат дека македонската нација не постои, дека Македонија е бугарска, но, ние не се навредуваме со тоа, па зошто тие толку да се навредуваат ако претседателот Пендаровски примил претставници на ОМО Илинден Пирин и на други партии и организации на Македонците во Бугарија? Неодамна и нивниот претседател Радев прими претставници на Бугарите во Македонија и никој не реагираше, ниту во тоа гледа нешто лошо. Секако дека е чувствителен моментот на средбата кај Пендаровски, но мислам дека на сето тоа во Бугарија му придодаваат преголемо значење – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Тој додава дека Бугарија нема проблем со Македонија во врска со тамошното македонско малцинство, туку има проблем со Судот во Стразбур, каде изгуби 14 случаи и кој Суд без проблем ги признава и ги легитимира дека постојат како малцинство.

– И ние сме субјективни и тие. Не е страшно што Пендаровски ги примил ОМО Илинден Пирин, па нив ги примаат во многу земји, во разни институции и организации. Се крева голема хистерија, а моментите се сензитивни, во време кога се прават големи напори за успех за време на француското претстедателство со ЕУ. Сето ова, пак, од друга страна може да им даде изговор на политичките центри сакаад да не се надмине спорот, а Македонија да остане блокирана на патот кон ЕУ – вели Арсовски.

Од Владата засега не го коментираат овој развој на настаните. Вчера претседателот Пендаровски рече дека бугарската страна нема аргументи за реакција затоа што во разговорите немало ништо што оди против Договорот за добрососедство од 2017 година.

Ако некому му пречи средба на претседател на државата со Македонци кои живеат каде било во светот, тоа не е мој, не е наш проблем – рече Пендаровски.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

d0b3d180d0b0d0b4d0bed182 d181d0bad0bed0bfd198d0b5 d181d0be d0bfd0bed0b4d0b4d180d188d0bad0b0 d0bdd0b0 d0b4d0bdd0b5d0b2d0bdd0b8d182d0b5 61fa93ec0d00a
Story i mëparshëm

Градот Скопје со поддршка на дневните центри за лица со интелектуална попреченост „Порака“

lsi i pergjigjet bashes qylaxhiu brava sdo te ekzistonte pa ne do ishte asgjesuar 61fa94645803d
Story i radhës

LSI i përgjigjet Bashës: Qylaxhiu Brava s’do të ekzistonte pa ne, do ishte asgjësuar

Të fundit nga

ShkoLartë