Арсовска: Реализирани се сите ветувања кои беа предвидени во првите 82 дена

January 31, 2022
1 minut lexim

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во денешното вклучување во вестите на Сител телевизија се осврна на реализираните проекти и ветувања во  првите 82 дена од нејзиниот мандат. Како најзначаен проект Арсовска ја издвои големата акција за расчистување на дивите депонии во сите населби во градот и објасни дека на почетокот на акцијата биле мапирани 120 диви депонии, а досега се исчистени 150 депонии. 

-Оваа акција продолжува и во наредниот период, при што ќе се постапува и по пријави од граѓаните, за да се заштити нивното здравје и да се заштити воздухот, почвата и подземните води од загадување – рече Арсовска.

Градоначалничката се осврна и на новоотворената канцеларија за комуникација со граѓаните, меил-адресата [email protected] и телефонскиот број 3297 255, каде што граѓаните можат да пријават проблем, а тим од Градот Скопје ќе излезе на терен и ќе интервенира. Во контекст на подобрување на условите во кои живеат граѓаните, додаде таа, се и активностите за решавање на проблемите во таканаречените заборавени населби, во кои со години се таложеле проблеми без да се понуди решение.

На прашањето дали скопјани наскоро ќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП, градоначалничката Арсовска одговори дека постапката за воведување бесплатен автобуски превоз е веќе почната, а прво ќе се консолидира јавното претпријатие за бесплатниот превоз да се реализира што е можно поскоро. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Bislimovski: KRRE Maqedoni miratoi çmimin e energjisë termike

Story i radhës

Муцунски и Кочоска ќе бидат нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, лекарот Симеонов влегува во ИК

Të fundit nga

ShkoLartë