Сообраќајка во Лисиче – еден починат, тешко повредена малолетничка

На 26.01.2022 во 00.05 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилески Бато“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.М.(21) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од Д.Г.(48) од с.Стајковци, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

На местотот на несреќата починал Д.Г., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген поло“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а Т.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Komuna e Prishinës vjen me plan për trajtimin e qenve endacak

Story i radhës

Кој ќе дојде на училиште без маска, ќе се врати дома

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish