Поставени бројчаници на семафорите на неколку локации во Скопје

Едно од ветувањата во предизборната кампања за локалните избори на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска беше поставувањето на бројчаници на семафорите, на крстосниците каде не се следи движењето од ЦУКС.

Покрај поставувањето на бројчаниците, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје, велат од Град Скопје. 

Градоначалничката Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе постави бројчаници на семафорите на крстосници во Скопје на кои не следи движење ЦУКС, и ветувањето го исполни. Имено, поставени се бројчаници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош на семафорот на крстосницата со Натанаил Кучевишки, на крстосницата со Боца Иванова и на крстосницата со бул. Босна Херцеговина, а истите ќе бидат поставени дополнително и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање, информираа од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Policia në aksion: Zbulohet drogë, persona pa certifikata dhe të mitur

Story i radhës

Милевски: Сите заедно да придонесеме да се стопат разликите меѓу Скопје и Софија

Të fundit nga

Befasohet Chelsea

Befasohet Chelsea, Crystal Palace kalon në avantazh. Crystal Palace ka zhbllokuar rezultatin përballë Chelsea në “Selhurst

AlbanianMacedonianEnglish