Пола од својата плата, Костовски ја донираше за социјално загрозено семејство

January 24, 2022
1 minut lexim

„Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестрички живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња. Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби. Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел. Јас лично ќе се вклучам да помогнам на ова семејство од нашата Општина, ќе им подарам 50% од мојата месечна плата, дополнително со мој налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош. Ќе ги замолам советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал“, напиша Дарко Костовски.

Притоа тој додаде:

„Ќе се потрудам да најдам општествено одговорни фирми кои егзистираат на нашата територија и ќе ги замолам истите да се вклучат во оваа активност, целта е семејството Давитковиќ да добие пристојни услови за живот, нова кујна, апарати за домаќинство и слично.Ги повикувам сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да ме исконтактираат лично за оваа тема.“

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Lëvizja Besa: Jemi për heqjen e qeverisë teknike

Story i radhës

Влада: Не подаруваме возила туку постапуваме по обврските кои произлегуваат од Законот за влада

Të fundit nga

ShkoLartë