Подобро да глумиме со Бугарите, отколку да има говор на омраза, смета Зоран Димитровски

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, во гостувањето на телевизијата Канал 5, во врска со посетата на македонската владина делегација на Софија и заедничката владина седница, вели дека ваквите средби се позитивни, затоа што до вчера имавме состојба на размена на говор на омраза меѓу двете страни.

Според него, дури и дел од средбите да изгледаат одглумено, тоа е подобро отколку да има говор на омраза.

Иако сега се вели дека се шминка една состојба на добрососедство. Подобро е да глумите добрососедство и да создадете атмосфера за потоа да направите вистински потег. Секогаш сум мислеле ека треба да има геополитички интерес, така и се случи со членувањето на Македонија во НАТО. Балканот останува во фокусот на интерес на ЕУ и САД и смета дека Македонија ќе ги почнат преговорите со ЕУ годинава, оценува Димитровски.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Nesër mbahet mbledhja e qeverive Shkup-Sofje

Story i radhës

Omicron shton fluksin në urgjencë, Manastirliu apel prindërve

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish