Петровска-Силвестри: Одлична билатерална и сојузничка соработка меѓу Северна Македонија и Италија

Сојузниците во НАТО, Северна Македонија и Италија имаат сеопфатна и интензивна одбранбена соработка која се имплементира во доменот на военото образование, развојот на капацитетите на Армијата и заедничкото учество и придонес во голем број на иницијативи и операции, заклучија на денешната средба во Министерството, министерката Славјанка Петровска и амбасадорот на Италија во Северна Македонија, Андреа Силвестри.

Министерката Петровска се заблагодари на амбасадорот Силвестри за италијанската поддршка за евроатлантската интеграција на Северна Македонија и извонредната соработка во одбраната. Беше потенцирана одличната соработка на припадниците на армиите на двете земји во мисијата на НАТО на Косово. Италија обезбедува логистичка поддршка за припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во оваа мисија на Алијансата, а двете земји соработуваат и во мисијата на Обединетите Нации во Либан, каде двајца македонски офицери се дел од италијанскиот контингент.

На средбата Петровска и Силвестри се заложија и за продолжување на одличната билатерална одбранбена соработка која се реализира во доменот на експертските одбранбени разговори и обуките во цивилно-воена соработка, логистиката, воената полиција, сајбер безбедноста. Италија оваа пролет ќе биде една од седумте сојузнички земји која ќе учествува во вежбата „Swift response 22″ на Криволак. Двете земји имаат исклучително плодна соработка и во доменот на военото образование, во чии рамки на високите воени школи во Италија се упатуваат офицери и питомци од Армијата.

Северна Македонија е дел и од Концептот на рамковни нации, предводен од Италија, кој овозможува синхронизација на напорите за развивање на повеќе области за одбранбена соработка, во контекст на НАТО и ЕУ.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Навремено дистрибуирани учебниците кои недостасуваа до училиштата во Ѓорче Петров

Story i radhës

Lirohet me kusht, pas arrestimit nën akuzat për përdhunim

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish