ОМО Илинден: Радев лаже дека сме сепаратисти за да ја оправда дискриминацијата кон нас

min lexim

Не можеме, а да не реагираме на неодговорната изјава на претседателот Румен Радев за „сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповеда народот со кој се среќава претседателот Пендаровски“, велат од забранетата партија на Македонците од Бугарија, ОМО Илинден Пирин, кои не се согласуваат со ставовите што денеска ги изнесе бугарскиот претседател.

– Неговата изјава е лага и клевета и како таква е срамна за сите, а особено за претседателот бидејќи срамот паѓа на сите граѓани. Нашата партија никогаш не исповедала сепаратистички идеи. Досега ниту една македонска организација или Македонец во Бугарија не се обвинети, судени или осудени за сепаратистички дејствија. Лагата за сепаратизам се користи за да се оправда систематската дискриминација на која подлежат бугарските граѓани со македонска самосвест, што доведе до 14 пресуди против Бугарија од страна на Судот за човекови права – се вели во реакцијата.

Дискриминацијата на Македонците во Бугарија, се наведува во соопштението, се рефлектираше во секој извештај на меѓународна институција за човекови права во врска со Бугарија во изминатите 18 години и затоа Бугарија беше ставена под зголемен мониторинг во Комитетот на министри.

– Но, освен лаги и клевети, изјавата на Радев е израз и на ниска политичка култура. Тој ги поврзува малцинските права со сепаратизмот и во нив гледа нешто лошо и неприфатливо. Да го потсетиме дека Бугарија ја ратификуваше Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и дека Република Бугарија во минатото официјално го призна македонското малцинство, кое оттогаш беше подложено на брутален прогон во комунизмот. А за информација на Радев, бидејќи тој одбива не само да не прими, туку дури и да одговори на нашите барања за средба – се бориме за демократизација и европеизација на Бугарија, за човекови права, за запирање на негирањето на македонското малцинство, запирање на систематската дискриминација, стигматизација, говор на омраза и маргинализација применети против него – наведуваат од ОМО Илинден Пирин.

Додаваат дека сакаат да им овозможат на бугарските граѓани со македонска самосвест рамноправно и целосно да учествуваат во јавниот и политичкиот живот во земјата – нешто што во моментов систематски им се ускратува.

– Срамота е Бугарија да ја водат политичари со сличен начин на размислување – се заклучува во соопштението .

Бугарските власти му се налутија на македонскиот претседател Стево Пендаровски затоа што деновиве се сретна со претставници на ОМО Илинден Пирин, а според Радев „македонските Бугари се борат за рамноправност и тоа е во корен различно од сепаратистичките претензии за малцинство кои ги искажуваат луѓето со кои се среќава претседателот Пендаровски“. Бугарското МНР оцени дека средбата е во спротивност со Договорот за пријателство во 2017 година, а вицепремиерката Корнелија Нинова, која е претседател на Социјалистичката партија во Бугарија ја бојкотираше денешната посета на Скопје, поради, како што наведуваат бугарските медиуми, средбата на Пендаровски со ОМО Илинден Пирин.

Претседателот Пендаровски изјави дека нема никаква позадина во неодамнешната средба и оти здружението ОМО „Илинден Пирин“ побарало да се види со него, а тој не ги одбил, како што претходно не одбил ниту  едно здружение или поединец кој сакал да се види со него.

 

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Tetova me 128 magjistër shkencash të papunë

Story i radhës

Në Mitrovicë sot pasdite u varros ushtari i UÇK-së, Mursel Uka – Bajgora që papritur ndërroi jetë mbrëmë 

Të fundit nga