Нинова: Немам конфликт со Петков на темата Македонија

Нема конфликт меѓу мене и Кирил Петков на темата Република Северна Македонија (РСМ), изјави денеска бугарската вицепремиерка Корнелија Нинова во одговор на новинарско прашање за време на прес-конференција за „Експо 2020 Дубаи”.

-Имаме коалициски договор на Владата. Тој го содржи нашиот заеднички став за РСМ и тој е дека актуелната влада на Кирил Петков го реафирмира сегашниот, а тоа е дека треба да се спроведе Договорот за добрососедство и соработка, да се спроведе Декларацијата од 44-от Собрание, да се запре говорот на омраза, да не се злоупотребува бугарската историја, да не биде на сметка на националниот бугарски интерес. Ова го пишува во договорот на бугарската влада, чиј дел сме и ние и го исполнуваме напишаното во документот, рече Нинова.

Вицепремиерката додаде дека има надградба на ова со работни групи на различни теми, што според неа е добро. -Продлабочување, проширување, поддршка на РСМ за влез во ЕУ – да, но на сметка на бугарската историја и националниот интерес – не, рече вицепремиерката.

Таа одби да коментира за односите меѓу премиерот и претседателот. Во одговор на друго прашање, Нинова рече дека работата на Историската комисија е запишана во Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и РСМ. Така што не е прифатливо еднострано да се поставува ова прашање, истакна Нинова по повод претходно објавеното во медиумите за предлогот на нејзиниот копретседавач проф. Драги Ѓоргиев за замрзнување на нејзината работа.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Физички нападната девојка поради претходно недоразбирање

Story i radhës

Detaje për rastin e personit që ra nga teleferiku në Brezovicë

Të fundit nga

Befasohet Chelsea

Befasohet Chelsea, Crystal Palace kalon në avantazh. Crystal Palace ka zhbllokuar rezultatin përballë Chelsea në “Selhurst

AlbanianMacedonianEnglish